ПОВЕЌЕ ЗА НАС


Натура МК е здружение на граѓани, со мисија да застапува, спроведува и поддржува решенија со кои луѓето ќе бидат подобро поврзани со природата.

Нашата визија е да создадеме поинаков свет во кој луѓето живеат во хармонија со природата.

СТАТУТ

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ


Поттикнување на филантропијата и волонтерството

Поттикнување на партнерства меѓу различни сектори на општеството

Промовирање на општествена одговорност на претпријатија и граѓани


Зајакнување на капацитетите за одржливо користење и заштита на природните ресурси

Унапредување на локалниот и руралниот развој, како и алтернативниот туризам

Промоција и унапредување на екологијата, спортот и образованието

ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ


 

Јули 2019

ПРОДОЛЖУВАМЕ ПОНАТАМУ

Кога дружбата е добра... Уште едно искачување до врвот на Водно, овој пат ноќно, по Цветкова патека. Малку поинакво искуство за лицата со оштетен вид и нивните придружници, повторно придружена со супер авантура и журка на врв.

Прочитај повеќе

Активностите се дел од кампањата “Осети природа” која ја спроведува Здружението НАТУРА МК Скопје. Кампањата “Осети природа” - иницијатива за луѓе со оштетен вид е дел од Проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, финансиран од Европската Унија во кој партнери се Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

ГАЛЕРИЈА

 

Јули 2019

АВАНТУРАТА ПРОДОЛЖУВА

Овој викенд, 3 лица со оштетен вид во придружба на 3 планинари се искачија до врвот на Водно. Одлична авантура, дружба и задоволство по искачувањето. Секој врв е предизвик, но надминувањето на личните предизвици го комплетира успехот.

Прочитај повеќе

Активностите се дел од кампањата “Осети природа” која ја спроведува Здружението НАТУРА МК Скопје. Кампањата “Осети природа” - иницијатива за луѓе со оштетен вид е дел од Проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, финансиран од Европската Унија во кој партнери се Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

ГАЛЕРИЈА

 

Март 2019

Обука за пратители на планина кои ќе работат со лица со оштетен вид

Осум планинари овој викенд, во Националниот Парк Маврово продолжија со подготовките за придружба на лица со оштетен вид во планина. Идејата на обуките е да се подготвиме и да им овозможиме на барем 3 лица со оштетен вид да го почувствуваат “будењето на пролетта”.

Прочитај повеќе

Обуката се содржеше од теориски и практичен дел во природа, осврнувајќи се на главните аспекти на движење на планина со лицата со оштетен вид. За оваа група на луѓе природата не е лесно достапна и тие често зависат од своите блиски. Кампањата “Осети природа” ќе поттикне соработка помеѓу планинарите и лицата со оштетен вид и на тој начин ќе им овозможи на овие лица да се охрабрат да излегуваат почесто од урбаната средина во природа и да ја уживаат со сите сетила. Како крајна цел е да се влијае врз јавната перцепција кон лицата со оштетен вид преку создавање позитивни примери за надминување на попреченостите. Активностите започнуваат во доцна пролет кога и ќе се изведат прошетките на планина. Обуката ја спроведува Здружението НАТУРА МК Скопје со поддршка на Националниот Парк Маврово кој се приклучува на активностите со желба во иднина да ја изгради првата адаптирана патека за лица со оштетен вид во Македонија. Кампањата “Осети природа” - иницијатива за луѓе со оштетен вид е дел од Проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, финансиран од Европската Унија во кој партнери се Институтот за медиуми и различности од Лондон, Македонскиот институт за медиуми и Националниот совет на инвалидските организации на Македонија.

ГАЛЕРИЈА

 

Декември 2018

Подготвителна обука за работа со слепи лица и лица со оштетен вид

во соработка со „Центарот за поддршка на лица со оштетен вид“ при Црвен крст на град Скопје.

ГАЛЕРИЈА

 

Декември 2018

Повик за обука за пратители на планина кои ќе работат со лица со оштетен вид

Во рамките на кампањата Осети природа - иницијатива за луѓе со оштетен вид, Натура МК има потреба од водичи, планинари и рекреативци кои имаат искуство со движење во планина, заинтересирани да работат со лица со оштетен вид.

Прочитај повеќе

Кампањата е дел од Проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“ и ќе се спроведува во наредните 6 месеци, заклучно со мај 2019. Целта на кампањата е да се влијае врз јавната перцепција кон лицата со оштетен вид преку создавање позитивни примери за надминување на попречености и нивна промоција. Активностите во кампањата се однесуваат на поголема инклузија на слепите и слабовидните лица во активности кои се одвиваат на планина. Со позитивниот пример како група слепи лица уживаат во природа оочекуваме да поголем број слепи и слабовидни лица како и нивните семејства се охрабрат да излегуваат почесто во природа. За таа цел, Натура МК во соработка со „Центарот за поддршка на лица со оштетен вид“ при Црвен крст на град Скопје ќе се спроведе подготвителна обука за работа со слепи лица и лица со оштетен вид. Обуката ќе се одржи на 19 декември (среда), од 09-13 часот во просториите на Црвен крст на град Скопје. Сите заинтересирани ентузијасти можат да се пријават на нашиот емаил contact@naturamk.org, најдоцна до недела 16.12.2018, со приложување на своето име, презиме и дата на раѓање. Повеќе информации за кампањата на следниот ЛИНК.

 

Ноември 2018

Осети природа - иницијатива за луѓе со оштетен вид

Кампања во рамки на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“, финансиран од Европската Унија.

Прочитај повеќе

Целта на оваа кампања е да се влијае врз јавната перцепција кон лицата со оштетен вид преку создавање позитивни примери за надминување на попреченостите и нивна промоција. Активностите во кампањата се однесуваат на поголема инклузија на слепите и слабовидните лица во активности кои се одвиваат на планина. Иновативен момент во кампањата е што слепите лица ќе излезат од стереотипите на урбаното живеење и ќе имаат можност да зачекорат и уживаат во природата со сите сетила. Овие позитивни примери ќе бидат документирани и споделени преку социјални, ТВ и радио медиуми со цел да се подобри социјалната инклузија на оваа категорија граѓани. Повеќе информации за кампањата на следниот ЛИНК.

 

Ноември 2018

Шумска патека

Тимот на Натура МК работи на обновување на детската шумска патека, на нова локација во ЗОО Скопје.

ГАЛЕРИЈА

 

Април 2018

Македонија без отпад

Натура МК се вклучува во акцијата за чистење на езерото Козјак - да го вратиме езерото Козјак на природата!

Прочитај повеќе

На 22 април, по повод одбележувањето на Денот на Планетата Земја, Министерството за животна средина и просторно планирање, здруженијата „Гоу Грин“ и „ЦНВП Македонија” ќе спроведат акција за чистење на езерото Козјак. Во акцијата се приклучуваат бројни државни институции, општина Македонски Брод со јавното комунално претпријатие, природниот резерват ЈП Јасен, Асоцијацијата на колективни постапувачи со отпад, бројни невладини организации, спортисти (кајакари, нуркачи, планинари) и претставници на дипломатски кор. Секако поканети се и сите заинтересирани љубители на чистата животна средина да ни се приклучат во оваа еколошка акција. Центарални пунктови има во с. Здуње и с. Близанско. Ќе се чистат локации околу двата централни пункта. За пристап до посочените локации постои посебен возен режим. Регуларниот возен режим е од 6:30-9:00 во правец кон локациите и од 16:00-18:30 кон Скопје. Акцијата ќе трае од 11:00 до 15:00 часот. За учесниците се обезбедени ракавици, вода и сендвич.

ГАЛЕРИЈА

 

2017

Авантури без граници

Организација на планинарска тура во Македонија со слепи лица и лица со оштетен вид, во соработка со RideMK.

Прочитај повеќе

Турата беше изведена јуни 2017 година, со 25 пријатели од Израел. Третина од нив беа слепи и рака под рака со останатите се искачија на врвови над 2.000м низ трите наши Национални Паркови. Поминавме повеќе од 50км по Македонските планини и во 3 последователни дена по сонце и дожд ги искачивме Меденица (2.163м), Магаро (2.255м), а по бескрајните камени реки и Пелистер (2.601м). Само на Пелистер искачивме 1.300м висинска разлика и пешачевме 12 часа. Гледаш и не им веруваш на своите очи, а си сведок дека овие луѓе не гледаа, а веруваа!
До сега во Македонија не е направена ваква тура но ние верувавме и го прифативме предизвикот. Пред да тргнам колегите не прашуваа “а зошто воопшто одат кога неможат да видат ништо од врвот?”. Одговорот не ни беше конкретен но длабоко во себе знаевме дека мора да имаат добра причина. Сега ни е се многу појасно. Ние гледаме и поради предрасудите не веруваме, а овие луѓе не гледаат но имаат силна верба. Под секој врв им ја подигнувавме главата да го замислат барем аголот на патеката пред нив. Да можевме ќе им ги позајмевме очите да видат каде успеаа да се искачат. Да планинариш со вакво друштво е неповторлино доживување и во ниеден момент немаш право да се пожалиш бидејќи од старт си во предност. Секој од нас имаше свој врв, внатрешна борба, но и задоволство на крајот од денот, а нашето задоволство беше да ги видиме нивните солзи радосници. Турата беше специјална во полна смисла на зборот. Секој ден полн со куп емоции, а планината ни помогна сите да се вратиме како подобри луѓе. Оние кои беа слепи поради еднаквиот третман и можноста да бидат дел од тимот, а другите затоа што доброто што го правиш се враќа многукратно!

ГАЛЕРИЈА
ВИДЕО

 

2016-2017

ЕКО АВАНТУРИ

Соработка со Еко Свест во проект за заштита на Националните Паркови во Македонија.

Прочитај повеќе

Како дополнување на решението за оддржлив развој на НП Маврово и Галичица, беа изработени мапи за еко авантури во Националните Паркови Галичица и Маврово, а подоцна и за Мариовскиот регион. Истите нудат активности за активен туризам преку целата година без нарушување на исклучителните природни вредности во овие национални паркови. Еко турите и мапите во електронска форма можете да ги погледнете на сајтот ЕкоАвантури, или во галеријата. Поддржано од Heinrich Boll Stiftung, Ohrid SOS, Etnar, Save the Blue Heart of Europe, Mava, Euronatur, RiverWatch, Front 21|42.

ГАЛЕРИЈА

 

2016

шарена банда

Стара идеја на нова иницијатива на Банда ентузијасти, вљубеници во природата кои сакаат да го разбијат секојдневното сивило во Скопје. Натура МК помогна во персонализирање на стерилните јавни површини во нашето сиво Скопје.

ГАЛЕРИЈА

 

 

ПАРТНЕРИ И ПРИЈАТЕЛИ



КОНТАКТ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ


Здружение на граѓани НАТУРА МК
бул. Видое Смилевски Бато 39/26, 1000 Скопје
+389 (0) 75 341 131
contact@naturamk.org


Пополнете ја формата и испратете ни порака

Ви благодариме. Вашата порака беше испратена.

Facebook

Linkedin

Youtube

Instagram

НАТУРА МК

© 2018 Bootstrap HTML Template by WowThemes.net